Што прави денес фаталната Порториканка: Погледнете ја девојката од спотот на „Деспасито“

Точка

22/02/2020

23:48

10.051

Големина на фонт

а а а

Манекенката која се појави во спотот на Луис Фонси, предизвика многу фантазии и воздишки, а погледнете како изгледа и што прави овие денови.

Поминаа три години од објавувањето на планетарно популарниот хит „Деспасито“, на Луис Фонси.

А, кога се појави спотот, го гледаа и оние на кои не им се допаѓаше песната и тоа само поради убавата порториканска мисица Зулејка Ривера.

Нејзиниот живот после улогата во спотот целосно ѝ се променил, а манекенката во меѓувреме роди син, но и се разведе од НБА кошаркарот, Хосе Хуан Бареа.

View this post on Instagram

Baby let me upgrade U

A post shared by Zuleyka Rivera (@zuleykarivera) on

Манекенката освен убавината, неодоливиот шарм и заносната фигура во спотот ги покажа и танчерските способности со што ги полуде мажите ширум светот.

Таа моментално работи како модел и водителка. Меѓутоа, сексапилната Зулејка се занимава и со фитнес, а колку ѝ се посветила на оваа работа, зборува и фактот дека самата смислила специфичен начин на вежбање за дами кои имаат над 30 години. Нејзината програма се базира на кардио вежби и посебниот режим на исхрана.

View this post on Instagram

Inquieta como el maL #islandgirl

A post shared by Zuleyka Rivera (@zuleykarivera) on

Песната „Деспасито“ во 2017-та ги сруши сите рекорди на дигиталната платформа Јутјуб, а таа денес е на тронот, како песна со најмногу прегледи.

Благодарение на оваа песна, Луис Фонси сруши дури 7 Гинисови рекорди. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг