Милошоски објави нов аудио-материјал: Заев договарал одлуки со Врховниот суд

Макфакс

23/02/2020

12:49

2.859

Големина на фонт

а а а

На прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонијо Милошоски објави нов материјал, кој рече дека како транскрипт му го доставил укажувач. Милошоски најпрво прочита писмо, кое, како што кажа, му било доставено од анонимен доставувач.

„Аудио-снимката и доставениот материјал укажуваат на грубо мешање на извршната во судската власт, како и одлучувачка контрола на извршната власт врз работата на Обвинителството. Материјалот сметам дека е сериозна индиција за кривична одговорност по основ на мешањето на извршната власт во работата и одлучувањето на судската власт и јавноста има право да ја слушне содржината на овој материјал бидејќи истиот има елементи на висока корупција и злоупотреба на службената положба“, рече Милошоски.

„Заев претходниот пат призна дека се работи за неговиот глас на аудиоснимката којашто беше објавена во Собранието. Овојпат тоа не е тема. Заев како премиер во присуство на нему познати лица, дава експлицитно јасен исказ дека тој договарал одлуки заедно со Врховниот суд. Тоа е флагрантно мешање на извршната во судската власт и кршење на многу членови од Кривичниот законик“, нагласи Милошоски.

„Од самиот материјал може да се види дека Заев цело време бил во тесна и блиска соработка со Катица Јанева, којашто е очигледно дека без него не можела да одлучува или да постапува самоволно“, додаде Милошоски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг