Луд камионџија: Не предизвика сообраќајна несреќа, но поради неверојатната глупавост доби шест месеци затвор!

Точка

23/02/2020

13:10

6.136

Големина на фонт

а а а

Еден возач на камион погрешно завртил на автопат во Стафордшајр во Англија, па тоа одлучил да го исправи со неверојатен маневар со кој ги загрози останатите учесници во сообраќајот.

На видео снимката направена од надзорните камери може да се види како со големиот камион се обидува најпрвин вози низ еднонасочниот дел за исклучување од автопатот, а потоа се обидува да заврти и да се вклучи на автопатот додека минуваат голем број на автомобили.

Поради инцидентот кој се случил на 21-ви јануари, возачот иако не предизвикал сообраќајна несреќа, сепак поради загрозувањето на останатите учесници во сообраќајот и низа на прекршоци доби шест месечна затворска казна.

Британски „Метро“ исто така пренесува дека камионџијата добил и 15 месеци забрана за управување со моторно возило.



Спонзорирани линкови

Маркетинг