„Жолтите елеци“ повторно прават хаос: Демолираа автомобили и се судрија со полицијата

Точка

23/02/2020

14:10

2.791

Големина на фонт

а а а

Повеќе од една година на улиците на француските градови траат протестите на „Жолтите елеци“ кои се противат на реформите на претседателот Емануел Макрон.

Големи нереди имаше и овој викенд, а ситуацијата излезе надвор од контрола во Лил. Демонстрантите превртија еден автомобил и демолираа и запалија уште неколку, по што полицијата беше приморана да реагира со пендреци и солзавец.

Инаку, ова е 67-ми протестен викенд и прв пат Макрон да ги повика претставниците на „Жолтите елеци“ на разговори во Елисејската палата.

„Направете една група на претставници и без проблем ќе ве примам, јас сум за дијалог. Ќе резервираме еден час и ќе дискутираме“, порача францускиот претседател Емануел Макрон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг