Димитров во Солун на конференција на високо ниво посветена на европската перспектива на Западниот Балкан

Макфакс

23/02/2020

16:42

858

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре во Солун, ќе учествува на конференцијата на високо ниво посветена на европската перспектива на Западниот Балкан „Од Солун до Загреб”, на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас.

На конференцијата, поканетите Министри за надворешни работи од регионот на Западен Балкан и од земји членки на ЕУ, кои граничат со Регионот, како и претставници на ЕУ институции, ќе имаат можност да разменат мислења околу предизвиците и перспективите за унапредување на европската интеграција на Западниот Балкан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг