Работнички врза две победи и побегна од дното на табелата, Шкендија остана без цел плен во Кратово

Дерби

23/02/2020

16:44

895

Големина на фонт

а а а

Работнички успеа да направи пресврт и да слави голема победа во градското дерби против Шкупи, три бода со кои избега од самото дно на табелата во Првата македонската фудаблска лига, со јасна интенција да напредува и во наредните рунди.

Исени донесе радост за чаирчани во 39-та минута на натпреварот кој се играше на „Тодор Проески“, но домашниот тим го слави името на младиот Тошевски кој најпрво израмни во 59-та минута, а потоа го постигна и голот за пресврт во 77-та минута. Младиот Давид несомнено беше играч на мечот и беше најзаслужен за втората победа во вториот меч под водство на новиот тренер Ратко Достаниќ, а со шесте бода во воведните две кола во пролетниот дел од сезоната „романтичарите“ го напуштија дното на табелата.

Од останатите средби во 14:00 часот, фокусот беше насочен на она што се случуваше во Кратово, а таму Силекс успеа да ја задржи Шкендија која одигра само 0:0 против третопласираниот тим на табелата. На овој начин, Шкендија остана покуса за планирани два бода, па сега Вардар има десет бодови предност како лидер на табелата во Првата македонска фудаблска лига.



Спонзорирани линкови

Маркетинг