Реал испрати официјално соопштение за новиот шок на Азар и ги потврди стравувањата на Зидан

Дерби

23/02/2020

16:45

2.928

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан истакна дека нема воопшто добро претчувство за проблемите кои ги почувствува Еден Азар на натпреварот против Леванте, а ова попладне и дефинитивно стана јасно дека Белгиецот ја обновил повредата на скочниот зглоб поради која беше надвор од терените речиси три месеци.

Реал загуби на вчерашното гостување кај Леванте на „Сиутат де Валенсија“, но веднаш по средбата стана јасно дека неуспехот и загубените три бода нема да бидат најголемиот проблем, откако крилниот напаѓач со многу лоши симптоми и загрижена гримаса на лицето го заврши натпреварот.

„Кралевите“ во своето официјално соопштение нагласија дека Азар заработил пукнатина на фибулата, а тоа е најлошата можна вест која можеше да ја добие Зидан. Ова значи дека Азар ќе ги пропушти двете осминафинални средби против Манчестер Сити и „Ел Класико“ пресметката со Барселона, а најскоро би се вратил на терените за два месеци.

Угледните мадридски медиуми „Марка“ и „АС“ исто така не ја исклучуваат можност дека ова е крај на сезоната за најголемото засилување на Реал кое дефинитивно има премиерна кампања за заборав.



Спонзорирани линкови

Маркетинг