Автопилотот на Тесла не е тешко да се измами

Точка

24/02/2020

14:18

1.432

Големина на фонт

а а а

Новото истражување кое го спровеле хакерите од McAfee Advanced Threat Research, открива загрижувачки работи.

Една од најголемите грижи во поглед на модерните возила е можноста да бидат хакирани. За разлика од возилата од пред нешто повеќе од десет години, најновите автомобили и камиони брзо стануваат компјутери на четири тркала, а Тесла е еден од главните примери. 

Тоа не секогаш е добра работа.

Хакерите од софтверската куќа McAfee успеале да ја измамат првата генерација Тесла автомобили со автопилот, за да забрзаат од дозволените 56 на 136 километри на час, пишува Car Buzz.

Тоа го направиле така што го измамиле системот мобилни камери Mobile EyeQ3 работејќи нешто едноставно.

Го промениле знакот за ограничување на брзината со помош на малку леплива трака. Камерата го регистрирала знакот како 136 километри на час, а не како 56. Посебните возила кои ги тестирале, Tesla Model S и Tesla Mode X од 2016-та година, веднаш ја зголемиле брзината за 80 km/h.

Тоа можете да го видите во приложеното видео.



Спонзорирани линкови

Маркетинг