Ова се 10-те најбогати семејства на светот: Имаат приходи колку Германија, Франција и Англија заедно

Супермен

24/02/2020

16:37

6.688

Големина на фонт

а а а

„Убавината е минлива, но дијаматните и парите траат вечно“ - ова веројатно е мотото на најбогатите семејства на светот.

Десетте најбогати семејства очигледно дека имаат колективен, шокантен приход од неверојатни 3.4 трилиони долари што е еквивалентно на бруто, социјалниот производ на Германија, Велика Британија и Франција заедно.

Ова се 10-те најбогати семејства на светот:

Семејството Дима од Франција во чија сопственост се наоѓа брендот „Erme“, има богатство вредно 49.2 милијарди долари. Првите пари за семејството Дима ги зарботил покојниот Тијер Ерме во 1837-та година, а во 21-от век овој бренд прераснал во глобално, моден бренд.

На деветтото место се наоѓа семејството Брин од САД. Нивното богатство е проценето на 51.1 милијарда долари. Сергеј Брин е интернет технолошки моќен човек и коосновач на компанијата Google i Leri2. Моментално е на функција на претседател во матичната компанија „Alfabet Ink“.

Богатството на семејството Амбани од Индија се проценува на 52.3 милијарди долари. Дирубхај Амбани бил коосновач на компанијата "Rilajens Indastriz". Неговото семејство рамномерно го споделува со неговите синови кои денес се дел од неговата компанија.

Семејството Пејџ од САД има богатство кое се проценува на 52.4 милијарди долари. Лери Пејџ исто така е коосновач на „Google“, а моментално е директор на компанијата „Alfabet Ink“. Своето богатство го дели со сопругата Лусинда и нивните две деца.

Семјеството Албрехт од Германија има богатство вредно 53.5 милиони долари. Парите ги заработиле двајцата браќа, Карл и Тео кои се основачи на супермаркетите „Aldi2“. Со тие ланци денес управуваат нивните деца.

На петтото место се наоѓа семејството Чакри од Тајланд. Нивното богатство се проценува на 60 милијарди долари.

Семејството Елисон од САД е на четвртото место, тие се “тешки“ дури 61.8 милијарди долари. Лери Елисон е коосновач на глобалната корпорација „Оракл“.

На третото место е семејството Закерберг од САД. Нивното богатство се проценува на 63 милијарди долари. На чело на семејството е Марк Закербергер кој воедно е основач на тоа царство.

Семејството Слим од Мексико има богатство вредно 64.9 милијарди долари. Тие биле најбогати на свет во период од 2010 и 1013-та година. Богатството го стекнале со копманијата "Grupo Karso".

Семејството Марс од САД е на првото место на најбогатите семејства на светот. Нивното богатство е проценето на 70.8 милијарди долари. Тие се сопственици на компаниите „Mars“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk