„Корона глам“: Хрватска танчерка го крена балканот на нозе поради предизвикувачкиот изглед, но и лудата креација!

Супермен

24/02/2020

16:10

5.655

Големина на фонт

а а а

Една од најубавите хрватски танчерки, Тина Валм, на Инстаграм објави фотографија на која позира во костим за настап очигледно инспириран од коронавирусот.

Тина е облечена во припиен златен костим, со маска на лицето, а едната нога ѝ е гола.

„Се чувствувам толку болно, што оваа фотографија е сосема соодветна“, напишала под фотографијата.

Многумина фотографијата ги асоцирала на коронавирусот, па такви коментари и оставиле: „Корона глам“, „Корона костим“, „Болнооо“, „Дали е ова против вирусот, или?“

И самата Тина се пошегувала во коментар: „Категоријата е коронавирус екстраваганза.“

На други сепак им го одвлекло вниманието нејзината разголена нога, па ѝ оставиле многу комплименти на сметка на изгледотт.

„Боженствено“, „Совршенство не постои, но ти си многу блиску“, „Каква нога“, „Мис нога 2020“, ѝ пишувале фановите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk