Запознајте го електричниот Lotus со 2000 коњски сили

Точка

24/02/2020

16:47

1.919

Големина на фонт

а а а

Lotus Evija ќе биде електричен суперавтомобил кој дефинитивно ќе ги промени правилата на игра на пазарот на електрични автомобили.

Екипата на Carwow доби прилика да го „ѕирне“ моделот Evija во просториите на Lotus во Норфолк и беа воодушевени.

Овој електричен автомобил ќе има дури четири електрични мотори, по еден за секое тркало. Овие мотори комбинирано ќе произведуваат неверојатни 2000 коњски сили со обртен момент од 1700 Nm.

Од 0 до 100 километри на час развива за помалку од 3 секунди, а до 300 километри на час за помалку од 9 секунди. Максималната брзина изнесува 350 коњски сили. Шасијата е изработена од карбонски влакна и тежи само 129 килограми, а целата тежина на автомобилот е 1,700 килограми што е навистина импресивно за автомобил со литиум-јонски батерии.

Кога сме кај батеријата, станува збор за 70 kWh батерија која ќе биде сместена во средината на автомобилот, точно зад кабината, а со едно полнење ќе може да премине 400 километри.

Цената на Lotus Evija изнесува вртоглави 2,6 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг