Кралицата Елизабета повторно им го сврте грбот на Меган и Хари: По забраната за користење на “кралскиот бренд“ следел хаос...

Точка

25/02/2020

15:58

5.306

Големина на фонт

а а а

Откако Меган Маркл и принцот Хари се повлекоа од кралските должности и одлучија да водат “нормален живот“, секојдневно се на мета на критики.

Иако двајцата ветиле дека ќе ја поддржат кралицата Елизабета и нејзиното владеење, таа очигледно им го свртела грбот.

Кралицата на Меган и Хари им забранила да го користат името на брендот “Војвода и војвотка од Сасекс“, а потоа Меган веднаш им се пожалила на своите пријатели.

Меган и Хари во меѓувреме потрошиле десет илјади фунти за регистрација на станицата "Sussex Royal" како светско лого за многубројни активности меѓу кои и модните брендови, прибор, книги...


Логото требало да се користи и за хуманитарната организација која би ја воделе Меган и Хари.

Меѓутоа, кралицата истакнала дека е непримерно да го задржат зборот “кралски“ на своите производи на што Меган одговорила дека не смета дека треба тоа да претставува проблем со оглед на тоа што таа и Хари немаат намера да продаваат маички и пенкала со тие натписи, пренесуваат медиумите. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг