Филм за возрасни снимен во библиотека полна со студенти па објавен на „Pornhub“, родителите огорчени!

Точка

25/02/2020

20:47

12.971

Големина на фонт

а а а

Филм за возрасни кој е објавен на интернет сајтот „Pornhub“, снимен бил во библиотека во американскиот град Санта Моника на само неколку метри подалеку од студентите.

Снимката предизвикала бес меѓу граѓаните, особено кај родителите, пренесуваат од „Daily Star“.

На снимката се гледа како девојка шета по улиците на градот, пред извршувањето на сескуалниот однос во јавната библиотека.

Снимката во времтраење од 10 минути објавена е на „Pornhub“ - еден од најголемите порно сајтови.

Не биле сите воодушевени од фактот што ова видео настанало во библиотека.

„Не дај Боже, дете влегува во библиотека и налетува право на тоа. Тоа е мојата најголема грижа. Децата не би требало да бидат изложени на тоа. Доколку сакате да снимате филмови за возрасни, тогаш тоа треба да го правите во хотелите“ - напишала некоја студентка.

Таа рекла дека слушнала за видеото откако што родителите почнале да се жалат на социјалните мрежи.

На снимката девојката зборува за тоа “да не ја фатат“. Исто така додала дека властите се свесни за сето тоа, но немаат што да направат за сето тоа да се реши. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг