Урнебесниот совет на Харисон Форд за долг и успешен брак го насмеа светот: “Не зборувајте, само климајте со главата”

Супермен

26/02/2020

11:34

2.898

Големина на фонт

а а а

Заборавете на брачните советувалишта и терапии за парови - Харисон Форд има совет за долготраен брак и истиот е многу едноставен.

“Не разговарајте, само климајте со главата”, се пошегувал 77-годишниот актер во едно интервју. 

Форд и неговата сопруга, 55-годишната Калиста Флокхарт, се речиси 10 години во брак, а заедно се 18 години. Тоа е нешто што е навистина тешко да се види помеѓу холивудските парови.


Харисон и Калиста за првпат се сретнале во 2002 година на доделувањето на Златниот глобус, а се венчале 8 години подоцна. Форд има 4 деца од претходните два брака, а Флокхарт има еден посвоен син.

И додека некои гледаат препрека во разликата во годините помеѓу нив, актерката во едно интервју во 2017 година рекла дека тоа прашање во нивната врска никогаш не се поставувало.

“Вистината е дека јас некогаш се чувствувам многу постаро од Харисон”, рекла Калиста.


И Харисон Форд открил како ја одржува цврстата врска со својата сопруга. Со оглед на фактот што има пилотска дозвола веќе 25 години, актерот обожува да лета, но пред да замине тој најпрвин се уверува дека ги завршил сите свои обврски.

Како што изјавил актерот, тој поминува доволно квалитетно време со сопругата на нивниот ранч во Вајоминг, кога не работи во Лос Анџелес.

Харисон во текот на својата 50-годишна кариера играше неколку култни улоги како Хан Соло во “Star Wars” и Индијана Џоунс, за кого потврди дека повторно ќе го толкува и во петтото продолжение. Сепак, како што вели тој, успехот не дошол без напорна работа:


“Не доживеав успех преку ноќ. Потрошив 15 години пред да доживеам некој вистински, забележлив успех”, заклучил Форд.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk