Шуми кои “создаваат вдовици” – сите сакаат да ги видат, но никој не смее да им пријде

Точка

26/02/2020

22:09

5.276

Големина на фонт

а а а

Постојат некои глетки во природата поради кои луѓето одлучуваат да отпатуваат и на другиот крај на светот. Оваа необична шума е една од тие природни убавини, но она што многу туристи не го знаат е колку ова место може да биде опасно.

Шумите со еукалиптус во боите на виножитото е нешто што се памети за цел живот. Шарените стебла и гранки можат да се видат во тропските шуми на Индонезија, Нова Гвинеја и Филипини. Нивните стебла можат да достигнат висина и до 75 метри, а освен интензивните бои, се карактеризираат и со освежувачки мирис кој потсетува на мирис на бор, нане и мед. 

Интензивните нијанси на зелена, црвена, портокалова и виолетова боја создаваат ремек-дела на природата. Боите на еукалиптусот и различните шари се како отпечатоци од прсти – не постојат две исти. Иако се убав украс, еукалиптусот не е растение кое се препорачува во близина на домовите поради корењата кои плитко се шират по тлото и лесно можат да им наштетат на цевките околу кои понекогаш се замотуваат.


Листовите им се отровни, а дрвјата лесно горат поради етеричните масла кои ги испуштаат. Една од интересните карактеристики на еукалиптусот е тоа што ги отфрла старите гранки и кората, па затоа е опасно да се задржувате под неговата крошна. Поради бројните смртни случаи на шумските работници во Австралија постои изреката дека овие шуми “создаваат вдовици”.




Спонзорирани линкови

Маркетинг