Коала не го испуштала од прегратка човекот кој ја спасил – потполно му верувала

Точка

26/02/2020

14:04

3.487

Големина на фонт

а а а

Бил Блер одлучил со дрон да ја сними површината на австралискиот остров Кенгуру за да му ги покаже на светот последиците од пожарите кои го зафатија овој регион.

Но, тој немал поим дека благодарение на таквата идеја ќе стане херој и спасувач на животно кое останало потполно само. Малечката коала стоела збунета и преплашена покрај едно дрво, а Бил ја здогледал кога се упатил кон автомобилот за да го напушти тоа тажно место преполно со лузни. 


Но, Блер ни за момент не помислил да замине без неа – тој веднаш се упатил кон дрвото покрај кое таа го чекала спасот. Бил се сетил на упатствата кои ги добил во случај да наиде на повредено животно. Во упатствата стоело дека таквите животни е потребно да ги замотате со ткаенина и да почекате да се смират, а потоа да ги земете во прегратки и да ги одведете во најблиската болница.

Бил го направил токму тоа – ја соблекол маицата од себе, но не морал долго да чека бидејќи, како што вели и самиот, коалата воопшто не се исплашила од него. Таа почувствувала дека тој сака да ѝ помогне и целосно соработувала. Неколку секунди подоцна, тие веќе биле во неговиот автомобил, а по неколку минути, коалата започнала да истражува и да гледа низ прозорецот.


Кога сè добро разгледала, се качила на седиштето и се “вгнездила” зад својот спасувач. Бил ја одвел во најблиската болница за коали, а кога се обидел да ја предаде на воените медицински лица, коалата одбивала.



Ѝ било тешко да се раздели од човекот кој ја забележал и ја спасил од сигурна смрт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг