Сцена од српски гроб го крена регионот на нозе: „Дали е ова нормално?“

Точка

26/02/2020

15:00

5.944

Големина на фонт

а а а

Српската православна црква и нејзините верници минатата недела одбележаа Голема зимска задушница, денот кога се оди на гробишта или во црква, се палат свеќи и се изнесува храна на гробиштата.

Додека повеќето се држат до таа традиција, една фотографија од гроб во Србија го разбесни регионот и предизвика расправа.

Верниците кои во саботата наутро отишле на локалните гробишта за да им оддадат почит на починатите, останале шокирани кога забележале дека еден од сограѓаните на семејната гробница поставил огромна количина на храна.

На гробот имало и предјадења, главни јадења, десерти, овошје, грицки, алкохолни и безалкохолни пијалоци, а господинот и се фотографирал покрај трпезата, пардон, гробот.

„Би било ОК да ангажираат келнер“, „Се оди на гробишта само за да се почести и да се запалат свеќи, да се однесе цвеќе... Од вакви работи се згрозувам“, „Ова е лудо“, се само дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг