Најголемата мистерија денес: Сите сакаат да знаат од кого тргна коронавирусот, а вака настанал “нултиот пациент“

Точка

26/02/2020

19:04

11.675

Големина на фонт

а а а

Кинеските власти првобитно истакнале дека првиот случај бил евидентиран на 31-ви декември. Коронавирусот според последните податоци однел 2.763 животи, над 81.000 се заразени.

Меѓутоа, и понатаму не е познато кој е “нултиот пациент“. Изразот “нулти пациент“ настанал за време на епидемијата на вирусот ХИВ.

Додека во 80-те годни на минатиот век се истражуваа патиштата за ширењето на болеста во Лос Анџелес, во Сан Франциско, научниците од Центарот за контрола и превенција на болести ја користеле буквата “О“, на тој начин означувајќи кој пристигнал надвор од американската држава Калифорнија. Останатите научници буквата ја интерпретирале како бројот 0 и така настанал концептот “нулта пациент“.

Таа е најпознатиот “нулти пациент“

Иако во тоа време, овој поим не ни постоел, најпознатиот “нулти пациент“ веројатно е Мери Мелон која го добила прекарот “тифусната Мери“, затоа што во 1906-та година ја покренала епидемијата на тифусната грозница во Њујорк.

Мелон, која била по потекло од Ирска, емигрирала во САД каде што работела како готвачка во богатите семејства. По многубројните случаи на тифус меѓу членовите на богатите семејства во Њујорк, докторите утврдиле дека токму Мери е извор на болеста.

Таа била личноста која ја носела бактеријата во себе, но немала никакви симптоми на истата болест. Тоа имплицира дека тој пациент често останува неоткриен и продолжува да ја пренесува заразата на другите луѓе.

Постојат сè повеќе докази дека некои луѓе се повеќе заразени од останатите, а случајот со Мери Мелон е првиот случај на таква личност која уште се нарекува и “суперносач“.

Никој не знае кој го “донесе“ коронавирусот

Светот најмногу го интригира тоа што нултиот пациент на коронавирсот сè уште не е познат. Кинеските власти првобитно истакнаа дека првиот случај бил утврден на 31-ви декември. Тогаш многубројни случаи на инфекции налик на воспаление на белите дробови беа поврзани со морската храна и пазарот на кој се продаваат тие животни во кинесиот град Вухан во покраината Хубеј - местото од каде што тргна коронавирусот.

Резултатите на студиите на кинеските научници објавени во списанието „Lancet“ меѓутоа упатуваат на тоа дека првиот пациент на кој му бил дијагностициран коронавирусот е поставен на 1-ви декември 2019-та година, односно многу порано откако таа личност дошла во допир со пазарот на морска храна во Вухан.


Коронавирус и заболен од Алцхајмер?

Докторката во болницата Џинијантан, Ву Венџуан, за Би-би-си изјавила дека се претпоставува дека станува збор за маж кој што исто така е заболен од Алцхајмер.

„Живеел недалеку од пазарот на кој се продаваат морски плодови. Со оглед на тоа што дека веќе бил болен, практично е дека не излегувал од дома“ - рекла таа, додавајќи дека во наредните денови симптомите на вирусот се појавиле кај тројца луѓе, а двајца од нив се занимавале до трговија на пазарот.

Нејзините колеги утврдиле дека 27 луѓе од 41 пациент кои бил хоспитализирани во рана фаза на заразата биле во допир со пазарот Хуанан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг