Нова ѕвезда меѓу електричните автомобили: Овој скандинавски ѕвер ќе ве воодушеви

Точка

26/02/2020

15:33

2.457

Големина на фонт

а а а

Polestar на овогодинешниот Саем на автомобили во Женева ќе го претстави целосно новиот модел кој засега го има називот Precept.

Станува збор за „предконцептно возило“, а неговата посебност лежи во тоа што е дизајниран и направен со една цел - одржливост. Во неговата изработка, Polestar, инаку сестринска компанија на Volvo, користи рециклирани и одржливи материјали, погонот му е електричен, а за електроника избраа длабока интеграција со Google Automotive оперативниот систем.

Панелите во внатрешноста и страничните панели на седиштата во Precept се изработени од композитни материјали на база на лен, што претставува дури 80% намалување на пластичниот отпад за 80%, како и намалување на тежината на возилото за 50%.


Самите седишта се изработени од ткаенина која е направена со 3Д принтер од рециклирана "PET" амбалажа. Теписоните на подот на возилото се направени од стари рибарски мрежи.

Токму тоа Precept го прави посебен, затоа што овој автомобил дефинира нов вид на врвен луксуз кој не ги користи класичните луксузни материјали како кожа, дрво и хром.


Кога станува збор за внатрешноста, на централната конзола ќе доминира 15-инчен екран, а автомобилот ќе биде опремен со технологии кои ќе го следат движењето на очите, како и сензори за близина кои на возачот ќе му доставуваат информации на контролиран начин.

Со други зборови, екранот ќе се вклучи доколку возачот погледне во него, или ако ја постави раката над екранот. Исто така, системот ќе го предупредува возачот доколку премногу гледа во екранот, наместо да внимава на возењето. Единствено што останува непознато во врска со Precept се неговите перформанси и секако, цената на автомобилот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг