Скандалозни детали од животот на Северина: Неколкупати го пријавувала во полиција за киднапирање и кражба на експлицитни фотографии!

Точка

26/02/2020

15:32

5.676

Големина на фонт

а а а

Српски Курир денеска објави бомбастична вест за Северина Којиќ, која, според најновите пишувања, неколкупати го пријавила поранешното момче на нејзината внука.

Се наведува дека пејачката наводно го пријавила во полиција поради киднапирање на нејзината внука, но и хакирање на компјутерот во кој има нејзини експлицитни фотографии кои минатата година завршија на интернет.

Српскиот магазин наведува дека сето тоа се случило пред две години, кога внуката на Северина ја прекинала врската со момчето, кое потоа од неа барало 30.000 евра.

Кога девојката одбила да му ги даде парите, тој ја затворил во хотелска соба и не ја пуштал три дена, наведуваат Србите.

„Семејството на Северина било исплашено, бидејќи тоа момче ѝ се заканувале со пиштол, поради што и полицијата морала да интервенира. За среќа, физички не ја нападнал, но таа доживеала голем стрес“, пишуваат тие.

Таблоидот наведува дека поранешното момче на внуката на Северина (во текстот на српски Курир - зет), веќе ѝ е добро познат на полицијата во Загреб, бидејќи пејачката против него поднела пријави поради сомнеж дека се занимава со нелегални работи. Северина наводно го пријавила и за хакирање на компјутерот од кој се украдени нејзини експлицитни фотографии, кои минатата зима завршија на интернет. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг