Huawei P40 ќе биде и официјално претставен на 26-ти март

Точка

26/02/2020

16:20

2.087

Големина на фонт

а а а

Кинескиот технолошки гигант Huawei објави датум и место на претставувањето на Р40 серијата.

Директорот на Huawei, Ричард Ју и официјално потврди дека Р40 серијата ќе биде претставена на 26-ти март во Париз.

Претставувањето на Р серијата обично се случува на почетокот на годината, а минатогодишните модели Р30 и Р30 Pro исто така беа претставени на 26-ти март. Оваа година се очекуваат моделите Р40 и Р40 Pro, а можно е да бидат претставени и Р40 Lite и Р40 Lite Premium модели.


Инаку, Р40 и Р40 Pro ќе имаат значително подобри камери во однос на своите претходници. Pro моделот наводно ќе добие пет камери, главната од 64 мегапиксели, телефото од 12 мегапиксели со 10х оптичко зумирање, ултраширока камера, сензор за длабочина и макро камера.

Главната камера би требало да комбинира 16 пиксели во 1, а тој процес наводно нуди драматично подобри перформанси во услови на лошо осветлување. Дали овие можности ќе ги има и стандардниот модел Р40, засега не е познато.



Спонзорирани линкови

Маркетинг