Познати се можните противници на Македонија во новото издание на Лигата на нации

Макфакс

26/02/2020

16:15

1.393

Големина на фонт

а а а

Два месеци по завршувањето на ЕУРО 2020 ќе започне новото издание на Лигата на нации. Репрезентацијата на Македонија, во второто издание на најмладото натпреварување на УЕФА ќе се натпреварува во Ц-конкуренцијата.

Ждрепката за Лигата на нации ќе се одржи на 3 март во Амстердам. Македонија, во Ц-конкуренцијата е сместена во вториот шешир, заедно со Косово, Белорусија и Кипар. Овие селекции нема да им бидат противници на избраниците на Игор Ангеловски.

Шешир 1: Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија

Шешир 2: Македонија, Косово, Белорусија, Кипар

Шешир 3. Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург

Шешир 4: Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија.

УЕФА објави во кој период ќе се играат натпреварите.

1 коло: 3-5 септември 2020

2 коло: 6-8 септември 2020

3 коло: 8-10 октомври 2020

4 коло: 11-13 октомври 2020

5 коло: 12-14 ноември 2020

6 коло 15-17 ноември 2020



Спонзорирани линкови

Маркетинг