"Светот ќе пропадне ако не победам на изборите во ноември", порачал американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој апокалиптичното предупредување го изнел на состанокот во американската амбасада во Њу Делхи во текот на посетата на Индија, која по враќањето во САД ја нарекол "неверојатна", бидејќи таму го дочекале како божество.
Трамп во фокусот на предизборната кампања за освојување на втор мандат ја ставил токму економијата, очекувајќи дека на крилата на рекордно ниската невработеност ќе успее да остане уште четири години во Белата куќа.
"Кога ќе го освојам вториот мандат во ноември, мислам дека берзите ќе полетаат како ракети", рекол Трамп и истакнал: "Но, ако не победам, ќе видите крах каков што не сте виделе во животот. Ќе биде вистински пекол".
Трамп не пропуштил можност да ги испровоцира ривалите од Демократската партија, велејќи дека на берзите ќе делува вознемирувачко ако Берни Сандерс ја освои номинацијата за претседателски кандидат.
"Тоа извесно време ќе ги смири берзите. Ниеден друг противкандидат не е толку инспиративен", рекол Трамп.