Некои луѓе заштитни маски носат од страв, а други поради мода: Внимавајте, тие може и да одмогнат! Ова мора да го знаете

Точка

26/02/2020

19:15

6.068

Големина на фонт

а а а

Маските можат да го намалат ширењето на грипот, но тоа самото по себе не е доволно. Треба да внимавате на тоа дали неправилно ја употребувате маската затоа што само така може да го зголемите ризикот од пренесување на заразата.

Од СЗО дале свои упатства како да се користи маската, а меѓу другото истата треба внимателно да се стави преку устата и носот, а потоа треба цврсто да се заврзе за што помалку да се намали просторот меѓу лицето и маската.

Епидемиологот Зоран Радовановиќ вели дека од маската подобра хигиена е правилната хигиена.


„Постојат специјални нано маски кои се поскапи. Тие ги задржуваат честичките и штитат од аерозагадување. Сепак, најважно е да избегнувате луѓе кои кашлаат и кои што киваат, редовно да ги миете рацете. Така што не гледаме потреба да се трошат пари на маски“ - заклучува Радовановиќ.

„Воздржувајте се од допирање на маската додека ја носите. Кога и да ја допрете користената маска, измијте ги рацете со вода и со сапун или со средство за миење раце на база на алкохол“ - се наведува во препораката.

Исто така се предупредува дека кога маската ќе стане влажна таа повеќе нема заштитна функција па неопходно е да ја замените со нова, сува маска. Тука секако дека е и напомената дека маските се за еднократна употреба и дека не смеат да се користат повеќе пати.


Особено се предупредува и на начинот на чувањето на маската да биде чиста. Така на пример особено треба да се внимава на тоа дека маската никако не смее да се носи во пластични торби затоа што на маската може да се пренесат микроорганизми кои што се наоѓаат на торбата.

Доколку одлучите да користите заштитна маска тогаш тоа нека биде нано маска, а не обична хируршка маска. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг