Русите на чекор до вакцина против коронавирусот! Развиле 5 прототипови, и работат со полна пареа...

Точка

26/02/2020

19:46

2.744

Големина на фонт

а а а

Русија го утврдила видот на коронавирусот и моментално се работи на развој на вакцината, а веќе постојат пет прототипови, изјавила вицепремиерката на Русија, Татјана Голикова.

Како што истакнала, иако постојат пет прототипови на вакцината сепак и понатаму станува збор за почетна фаза на развој на истите.

„Научниците сериозно работат во изработката на вакцините. Во почетна фаза сме, но работиме со сите сили“ - додала таа.


Да ве потсетиме дека неодамна амбасадорот на Кина, Џанг Ханчуе, во Москва изјавил дека кинеските научници веќе направиле вакцина која го активира имунитетот на коронавирусот, но дека сè уште не е подготвена за употреба.

Со тоа тој направил убедување дека епидемијата на коронавирусот ќе заврши во најкраток можен период. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг