Забранети посетите на Детската клиника во Скопје

Нетпрес

26/02/2020

20:20

1.488

Големина на фонт

а а а

Забранети се посетите на пациентите згрижени на Клиниката за детски болести, поради опасност од ширење на новиот тип коронавирусот, соопштија денеска од клиниката , откако претходно беше потврден првиот случај на инфекција од вирусот.

Забранети, исто така, ќе бидат и посетите и за родителите на децата кои се лекуваат.

„Најстрого ја забрануваме посетата на малите пациенти. Ги замолуваме роднините на децата кои се хоспитализирани, да имаат разбирање за оваа одлука, да не инсистираат на влез, бидејќи здравјето и безбедноста на детето е поваќно од сѐ. Вратарската служба нема да допушти влез на ниту едно лице кое не е хоспитализирано со дете. Се замолуваат и родителите кои веќе лежат на Клиниката со своите малечки, без нужна потреба да не ја напуштаат клиниката, и да ги превземат сите мерки на заштита“, соопштија за медиумите од Клиниката за детски болести.

Попладнетоо министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во Македонија е регистриран првиот случај на заболен од коронавирусот. Станува збор за 50-годишна жена, која еден месец била во посета на Италија. Таа се наоѓа во одделот за изолација на Инфективната клиника, свесна е, ориентирана и дише слободно.

„Во случај на појава на симптоми, граѓаните да не шетаат по јавноздравствените институции, туку да ги повикаат надлежните епидемиолози за да биде организирана мобилна екипа што ќе ги прегледа во домашни услови“, рече министерот Филипче.




Спонзорирани линкови

Маркетинг