Второ обраќање на Филипче: Идентификувани сите патници кои биле со заразената пациентка од коронавирусот

Точка

26/02/2020

20:48

7.241

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва одржува пресконференција за коронавирусот.

На првата пресконференција министерот соопшти дека во Македонија е потврден првиот случај на заразен со овој вирус.

Министерот Филипче информираше дека сите патници со кои патувала жената заразена со корона вирус се идентификувани и се тестирани. Сите тие ќе останат дома сè додека не се дознаат резултатите.

Девет лица имало во комбито во кое се возела 50-годишната жена заразена со новиот коронавирус кога пристигнала на граничниот премин Табановце, изјави вечерва министерот Венко Филипче.

Тој рече дека сите сопатници веќе се пронајдени, биле контактирани и 14 дена ќе бидат во домашна изолација.

Четворица од сопатниците се во Скопје, а другите во Струмица.

„При интервјуто на границата пациентката не дала вистински податок дека веќе се лекувала во Италија. При контактот со патниците од комбито царинарниците и полицајците биле заштитени“, рече Филипче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг