Овој град им дава на своите жители по 1.280 долари во кеш: 7 милиони луѓе ќе имаат корист од одлуката која има една цел

Супермен

27/02/2020

09:22

3.142

Големина на фонт

а а а

Хонгконг на своите граѓани ќе им подели по 1.280 долари во кеш за да ги намали последиците од економската криза, а ваквата мерка подразбира дека сите жители со живеалиште во Хонконг кои имаат најмалку 18 години ќе ја добијат таа парична сума.

Околу 7 милиони луѓе ќе имаат корист од ваквата одлука. Финансискиот секретар Пол Чен рекол дека Хонгконг за првпат ќе се соочи со дефицит во буџетот во последните 15 години поради рецесијата која започнала во третиот квартал од 2019 година. 

Се очекува ситуацијата да се влоши, а Чен вели дека дефицитот за следната фискална година до март 2021 година ќе достигне рекордни 4,8 отсто од БДП на Хонгконг и додал дека економијата оваа година се соочува со големи предизвици.

Во текот на претставувањето на буџетот, финансискиот секретар изјавил дека на моменталната состојба влијаеле и протестите во Хонгконг, трговската војна помеѓу Кина и САД, забавувањето на глобалната економија како и ширењето на коронавирусот кој ѝ зададе тежок удар.

Како што навел Чен, владата ќе го намали данокот на доход за некои жители, што ќе опфати два милиони даночни обврзници. Властите исто така планираат да им овозможат еден месец бесплатен престој на жителите со ниски примања кои живеат во зградите во јавна сопственост.


Чен додал дека и покрај влијанието на коронавирусот, економските темели на Хонгконг остануваат цврсти.

“Економијата би требало да закрепне откако ќе заврши епидемијата”, заклучил финансискиот секретар.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk