Поради жешките фотографии ја запросуваат и до 50 пати на ден: Многу мажи одат во Холандија само за да ја видат неа

Супермен

27/02/2020

21:31

13.140

Големина на фонт

а а а

22-годишната Вера Дијкманс од Холандија преку провокативните фотографиите на Инстаграм активно го привлекува вниманието на над еден милион луѓе, а како што тврди таа, многу мажи доаѓаат во земјата во која живее само за да ја видат неа.

Младата манекенка вели дека се случува да добие и 50 брачни понуди на ден само на сметка на својот изглед, а како што објаснила за странските медиуми – тоа воопшто не била нејзината идеја. 

Имено, по неколку лошо платени работи и откако започнала на споменатата социјална мрежа да објавува фотографии од себе, фотографите кои наидувале на неа ја советувале да размисли за моделинг. Вера очигледно ги послушала, а со тоа започнала и одлично да заработува – толку добро што за неа велат дека има некој кој ја финансира.

“Ме иритира што луѓето мислат дека имам богато момче кое ми плаќа патувања и забави. Сама ги заработувам своите пари”, изјавила Холаѓанката во една прилика.

“Добивам повеќе од 50 брачни понуди на ден. Редовно ми пристигнуваат најразлични подароци, а најчудната работа која некогаш сум ја добила од некој обожавател е прстен на кој пишуваше: ‘Ќе се омажиш ли за мене?’”, истакнала згодната русокоса.

Сепак, не е сè толку одлично. Во една прилика, еден фан ѝ тропал на врата и ја викал цели 45 минути со намера да го пушти внатре бидејќи тој е “нејзиниот најголем обожавател”.

“Се појави сред ноќ додека спиев. Тропаше на вратата, ми викаше да го пуштам внатре бидејќи тој е мојот најголем фан. Целата ситуација траеше 45 минути, а потоа си замина. Никогаш повеќе не го видов. Беше страшно”, раскажала 22-годишната девојка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk