Рио со два цврсти заклучоци по мечот на „Бернабеу“: Го посочи најдобриот играч за врска и главниот фаворит за ЛШ

Дерби

27/02/2020

10:56

1.678

Големина на фонт

а а а

Рио Фердинанд го коментираше големото дерби во Лигата на шампионите кое се одигра изминатава вечер, а за време на отвореното студио на „Би-Ти Спорт“, легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед изнесе два цврсти заклучоци по она што го виде на „Сантиајго Бернабеу“.

Фердинанд претходно го споменуваше Реал Мадрид како еден од главните фаворити за титулата во Лигата на шампионите, но откако стана јасно дека „кралевите“ ќе имаат негатива на гостувањето во Манчестер, Рио смета дека сега Ливерпул е единствен главен фаворит за нов трофеј во најелитното натпреварување.

– Ако сум искрен, не гледам друг фаворит освен Ливерпул. Ќе им биде тешко со Атлетико, но мислам дека „Енфилд“ ќе им донесе нешто посебно, тоа е друга димензија за нив. Баерн Минхен изгледаше добро против тим кој допрва стекнува идентитет, но мислам дека дефанзивно имаат проблем. Ливерпул е мојот фаворит број еден и никој друг, – изјави Рио кој имаше пофални зборови за Кевин Де Брујн кој го нарече најдобар играч за врска во светот по победата која ја оствари Сити од 1:2 против Реал.

– Кевин Де Брујн е најдобар играч за врска во светот во овој момент. Нема никој кој може да му се приближи, може да прави се на теренот. Атлетски е неверојатен, трча на сите страни, пасовите му се точни. Неговите одлуки во последната третина во 99 посто од случаите се точни, – посочи Фердинанд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг