Скришум го фотографирала Роби Вилијамс целосно гол, па ја споделила фотографијата со целиот свет – без цензура

Точка

27/02/2020

21:32

10.437

Големина на фонт

а а а

Роби Вилијамс пред некој ден стана татко по четврти пат, а бебето на свет го донесе сурогат мајка. Како што е познато, детето го добило името Бо Бенедикт Ентовен.

“Бо Бенедикт Ентовен Вилијамс е, како и Коко, биолошки наш, но го роди истата неверојатна сурогат мајка”, напишала на Инстаграм сопругата на Роби, Ајда Филд. 

Инаку, Филд неодамна на социјалната мрежа објавила уште две работи кои привлекле големо внимание. Помеѓу останатото, таа објавила фотографија на која Роби целосно гол позира во спалната соба, а таа скришум го фотографирала додека не гледал.

“Подобар си како врата отколку како прозорец ... Инаку, убава врата”, напишала Ајда.

Сопругата на Роби исто така објавила видео на кое тој го држи штотуку родениот син.

“Прекрасен момент”, напишала таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг