Голман со гол во 94-та минута ја одвел екипата во четвртфиналето на Лигата на Шампионите

Точка

27/02/2020

14:51

4.657

Големина на фонт

а а а

Несекојдневна ситуација ни доаѓа од КОНКАКАФ Лигата на шампиони.

Мексиканската екипа Тигрес се пласирала во четвртфиналето на Лигата на шампионите на Северна и Централна Америка, со погодок во 94-та минута. 

Не би било тоа толку интересно, ако победничкиот гол не го постигнал - голманот.

Тигрес во првиот меч против Алијанца од Ел Салвадор бил поразен со резултат 2:1 и дома одлично го отвориле натпреварот.

Енер Валенсија, поранешен фудбалер на Вест Хем и Евертон погодил за водство во 9-тата минута, на асистенција на Пјер-Надре Жињак, а поранешниот играч на Тулуз и Марсеј погодил во 17-тата и 23-тата минута и делувало дека Тигрес веќе решил се по неполн половина час.

Меѓутоа, 28-годишниот напаѓач Хуан Карлос Портиљо, постигнал два гола до крајот на полувремето, па Алијаца била во подобра позиција, бидејќи два пати ја тресела мрежата на гостувањето.

Во 94-та минута во казнениот простор отишол и голманот Нахел Гузман, 34-годишен Аргентинец, кој брани за Тигрес веќе седум сезони.

Центрирал Едуардо Варгас поранешен фудбалер на Валенсија, Наполи, КПР и Хофенхајм, го пронашол Гузман, кој со глава ја сместил топката во мрежата за пласман во 1/4 финалето на Лигата на шампионите.

Со конечен резултат 4:2 и вкупен 5:4, Тигрес влегол меѓу 8-те најдобри во Централна и Северна Америка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг