Мијте ги рацете редовно и не грижете се! Рецепт како сами да си направите гел за дезинфекција на природна база

Точка

27/02/2020

15:12

4.121

Големина на фонт

а а а

Повеќето истражувања го потврдиле антибактериското дејство на маслото од чајното дрво. Може сами едноставно да си направите гел кој што ќе ги дезинфицира и ќе ги освежи вашите раце, на пример кога сте на патување или пак едноставно кога немате можност да ги измиете вашите раце со вода.

Измешајте 15 капки масло од чајно дрво, 5 капки етерично масло од лаванда (или нане, рузмарин) и четвртина кафена чажица масло од витамин Е (тоа масло истовремено ја негува и кожата, но служи и како конзерванс).

Потоа во мешавината додадете 2 лажици алкохол (70%). На крај сето тоа измешајте го со 100 милилитри чист алое вера гел. Вака подготвениот гел би требало да го потрошите во период од 2 месеци.


Користете само етерично масло на кое сигурно не сте алергични. За да проверите дали постои ризик од алергија, разредете го етеричното масло со малку маслиново масло па потоа со таа течност измачкајте ја внатрешната страна од вашите дланки и оставете ја течноста 24 часа на вашите раце.

Доколку не се појави никаква кожна реакција тогаш можете без проблем да го користите етеричното масло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг