Роналдо се огласи по поразот од Лион: Не го добивме резултатот што го посакувавме, во Торино…

Дерби

27/02/2020

14:20

1.297

Големина на фонт

а а а

Јувентус доживеа пораз од Лион од 1-0 на натпреварот во Франција, па во реваншот закажан за 17 март ќе мора да одигра далеку подобро, поквалитетно ако сака да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Тоа многу добро го знае најдобриот стрелец во историјата на елитното натпреварување, Кристијано Роналдо кој се огласи на социјалните мрежи каде испрати кратка, ама јасна порака.

- Не го добивме резултатот што го посакувавме, ама мечевите во ЛШ секогаш се тешки. Имаме 90 минути да возвратиме во Торино и убедени сме дека ќе го продолжиме настапот во натпреварувањето, - напиша Кристијано на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг