“Sian” стана најбрзиот модел на “Lamborghini” на сите времиња

Супермен

27/02/2020

15:34

2.515

Големина на фонт

а а а

Овој автомобил е прв обид на “Lamborghini” за производство на хибридно возило, но под хаубата и понатаму ќе има моќен V12 мотор. “Sian” значи “блесок од молња” што е очигледна референца за електричните компоненти на автомобилот.

Новиот суперавтомобил има ист 6,5-литарски V12 мотор кој е исто така SVJ модел, но со дополнителна сила од 48-волтниот хибриден систем кој додава 34 коњски сили (25 киловати). Вкупно, автомобилот поседува 819 коњски сили (602 kW), што го прави новиот “Sian” најмоќното “Lamborghini” некогаш направено. 

Освен што е најмоќен, “Sian” и најбрзо забрзува од сите останати модели, постигнувајќи брзина од 0 до 100 км/ч. за помалку од 2,8 секунди.


Влечната сила е подобрена за 10 отсто во третиот степен на пренос, а времето на забрзување од 30 до 60 км/ч. е подобрено за 0,2 секунди во споредба со моделот “Aventador SVJ”. Во повисоките и пониски брзини, електричниот мотор ја зголемува влечната сила до 20 отсто, намалувајќи го забрзувањето од 70 до 120 км/ч. за 1,2 секунди во споредба со “Aventador SVJ”, се наведува во официјалното соопштение на компанијата.

“Lamborghini” планира производство на 63 вакви возила кои ќе започнат да се продаваат по просечна цена од 3,6 милиони долари. Тоа што треба да се напомене е дека сите 63 модели се веќе распродадени, така што не се сомневаме дека во иднина ќе има повеќе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk