Алушовски: Имавме нови проблеми, но максимално ќе се бориме за секоја топка

Дерби

27/02/2020

15:43

1.033

Големина на фонт

а а а

Ракометарите на Вардар групната фаза во Лигата на шампините ја завршуваат со пресметката со Монпелје закажана за в сабота од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Македонскиот првак е подготвен да даде се од себе, да се бори за секоја топка, но колку тоа ќе биде доволно не знаат да кажат ниту самите кои улогата на фаворит му ја препуштаат на францускиот прволигаш.

-Нè очекува тежок натпревар против Монпелје. Нашата примарна цел, пласман во осминафинале ја остваривме против Мотор. Имавме нови проблеми со вироза, двајца ракометари беа болни и не можевме да направиме квалитетен тренинг. Меѓутоа тоа нема да биде изговор за оправдување. Ние ќе го дадеме максимумот, ќе се бориме максимално за секоја топка. Ние сме домаќини, европски шампиони, ама ситуацијата во која сме не ни дава за право да кажеме дека сме фаворити. Проблемите кои ги имавме и здравствените од оваа недела ни оставаат една мала резерва, -истакна тренерот Стефче Алушовски.

Горбок и Калараш се играчите кои имаат настанка и не одбработија дел од тренинзите, ама се очекува да стаснат заби и бидат во тимот за саботната пресметка со Монпелје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг