Стоилов: Монпелје е апсолутен фаворит, наше е да дадеме се од себе

Дерби

27/02/2020

15:45

1.316

Големина на фонт

а а а

Тимот на Вардар со саботниот меч против Монпелје во СЦ „Јане Сандански“ ја завршува групната фаза во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ од 6 позиција ќе го започнат овој натпревар со тоа што ако успеат да слават над Монпелје, а Мешков Брест биде поуспешен од Порто тогаш може да дојдат до 5 место кое носи „полесен“ противник во осминафиналето во ова натппреварување.

Сепак македонскиот шампион како што е познато се соочува со големи проблеми, па дури и капитенот Стојанче Стоилов кој секогаш е оптиист улогата на фаворит му ја препушта на гостинот од Франција.

-Ситуацијата е таа што е. Играме пред наша публика против Монпелје кој е апсолутен фаворит на средбата. Наше е дадеме сè од себе на терен, да се обидеме да извлечеме што е можно подобар резултат и да ги изненадиме, -истакна Столе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг