Бил Гејтс за коронавирусот: “Застојот на нормалниот живот во најдобар случај би траел 10 недели, а најмногу ме загрижува следново”

Супермен

19/03/2020

12:48

6.373

Големина на фонт

а а а

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, минатата недела објави дека го напушта своето место во одборот на компанијата за да има повеќе време за да се посвети на своите филантропски подвизи.

По тој повод, Гејтс одговарал на прашања од цел свет на форумот “Reddit”, помеѓу останатото и за пандемијата на коронавирусот. 

Како што проценил во своите одговори, Гејтс смета дека застојот на нормалниот живот би можел да потрае до 10 недели, дури и доколку ситуацијата се одвива добро.

“Ако некоја земја добро го спроведува застојот на нормалниот живот и ако ефикасно ги тестира граѓаните на коронавирус, сè би се вратило во нормала во период од 6 до 10 недели бидејќи би имало само мал број на заразени”, пишува милијардерот.

Неговата фондација одвоила огромна сума на пари за кризната ситуација која ја предизвика коронавирусот, а Гејтс долго време предупредуваше дека на светот му се заканува ваква пандемија.

Како што сега изјавил, најмногу го загрижува следната работа:

“Ме загрижува штетата која ќе ја претрпи економијата, но уште повеќе ме загрижува како сето ова ќе влијае на земјите во развој кои не можат да го изведат социјалното дистанцирање на ист начин на кој можат богатите земји и кои немаат големи болнички капацитети”, вели Гејтс, додавајќи дека сите треба да се придржуваат до мерките на изолација за да се спречи ширењето на вирусот.

“Тоа ќе нѝ помогне да го вратиме животот во нормала што побрзо и да спречиме нови случаи на зараза. Мора да останеме смирени иако станува збор за ситуација без преседан”, вели Бил.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk