Америка на нозе – се подготвува катастрофа, а сè започнало од „Стејплс центарот“...

Точка

23/03/2020

13:12

6.770

Големина на фонт

а а а

Најмалку половина од заразените спортисти од коронавирусот во САД, се поврзуваат со „Стјеплс центарот“ во Лос Анџелес.

„Стејплс центарот“ е домот на НБА тимовите Лејкерс и Клиперс и НХЛ екипата Кингс. Во салата биле одржани дури 39 настани откако во Лос Анџелес бил забележан првиот случај на заразен од Ковид-19.

Одиграни биле точно 19 НБА натпревари, 12 НФЛ натпревари на Кингс, доделување на Греми наградите и комеморацијата на Коби Брајант.

Иако во екипата на Клиперс нема заразени, неколку членови од организацијата на Лејкерс биле позитивни на тестот, како и четворица од Бруклин Нетс кои што гостувале во споменатиот период.


Меѓу заразените има и членови од НХЛ екипата на Вашингтон Сенаторс која исто така гостувала во Градот на ангелите.

„Лос Анџелес Тајмс“ пишува дека има простор дека повеќе луѓе во Стејплс центарот имале контакт со некој кој што веќе бил заразен од коронавирусот.

Не се знае кој е оригиналниот преносител, односно “нултиот пациент“, ниту пак како “ланецот“ почнал да се шири пред да се воведат мерките за заштита...

Во САД досега има над 33.000 заразени од коронавирусот, од кои најмногу во државата Њујорк во која што има над 15.000 случаи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг