Поранешната славна спортистка, а потоа и бодибилдерка – Јулија Ушакова, на својот Инстаграм профил има околу 500 илјади следбеници кои што забавно ги едуцира на сметка на носењето на заштитните маски.
„Го нарачав ова како нов тренд за сезоната за капење 2020-та на „Али експрес“. Има вградени филтери кои што го олеснуваат дишењето, но комплетот треба да се менува на секои два часа. Не знам дали постои поголем тренд од овој моментално на Инстаграм, но идејата целосно ми се допаѓа. Сакам да бидам забавна“ – порачала Јулија на својот Инстаграм профил.
Интересно е тоа што Јулија добила и почесна награда за спортистка во Русија, а преубавата русокоса отсекогаш ги воодушевувала своите следбеници на социјалните мрежи.