Екранот на допир во автомобилот е поопасен од возењето под дејство на алкохол?

Супермен

23/03/2020

19:52

3.416

Големина на фонт

а а а

Користењето на екран чувствителен на допир во автомобилот значително го продолжува времето на реакција на возачот во непредвидливите ситуации при возењето, покажува најновата студија.

Технолошките унапредувања во современите автомобили значајно придонесуваат за комфорот во возењето и ја зголемуваат безбедноста во сообраќајот. Системите како оние кои му укажуваат на возачот на присуство на друг автомобил во мртвиот агол или детектираат пешак на патот во услови на лоша видливост и ноќно возење, спречуваат многу потенцијални несреќи и го зачувуваат животот на учесниците во сообраќајот. 


Сепак, постојат и нови технологии во возилата кои го зголемуваат ризикот од судари и можат да го направат возењето поопасно од вообичаено. Во најновата студија која ја објавила британската организација за безбедност на патиштата “IAM RoadSmart” се наведува дека системите “Apple CarPlay” и “Android Auto” кои служат за поврзување на смартфон уред со мултимедијален систем во автомобилот, кога се користат во возењето можат да бидат значително поопасни отколку возењето под дејство на алкохол.


Како што се тврди во студијата, времето на реакција на возачот кој користи екран на допир при возењето е значително подолго отколку реакцијата на возачот чија концетрација на алкохол во крвта е во законски дозволените граници.

Со тоа е утврдено дека реакцијата на возачот кој при возењето користи екран на допир е побавна за 53 до 57 отсто од нормалната. За споредба, кај возачот кој е на законска граница кога станува збор за концентрацијата на алкохол во крвта, времето на реакција е за 12 отсто побавно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk