Првиот тенисер заразен од коронавирус: „Само сакам да ви кажам дека сум позитивен... Се изолирав пред една седмица“

Супермен

25/03/2020

12:36

3.534

Големина на фонт

а а а

Ова е првиот тенисер кој јавно објави дека е инфициран од Ковид-19, а тоа е 114-от играч на светот, Тијаго Сејбот Вајлд.

„Поздрав. Само сакам да ви кажам дека сум позитивен на новиот коронавирус. Сам се изолирав претходната седмица. Внимавам на себе, се придржувам до инструкциите кои што ми ги дадоа докторите. Ова е само потсетник до сите да останат дома, да се грижат за луѓето кои што ги сакаат и да помогнат да престане да се шири оваа заразна болест. Останете дома и бидете безбедни“ – порачал тој.

Тој последниот натпревар го одигра пред 19 дена во Аделајд, каде што настапуваше против Австралија во Дејвис Купот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk