„Погледнете ги вашите очи“ – медицинска сестра открива досега непознат симптом на коронавирусот

Точка

25/03/2020

14:07

11.086

Големина на фонт

а а а

Домот за стари лица во Вашингтон стана новото жариште на коронавирусот... Медицинската сестра Челси Ернест, заедно со тимот на доктори секојдневно била во првата линија во борбата против коронавирусот, а единствената задача ѝ била да им помогне на луѓето кои што биле сместени во старечкиот дом во Вашингтон.

Таа во разговор за Си-ен-ен открила дека освен кашлање, температура и често забрзано дишење, сите луѓе кои што биле заразени од коронавирусот и биле во лоша здравствена состојба имале црвени очи.

„Тоа го забележав кај сите пациенти. Имаат црвени очи, како да ги мачи некаква алергија. Белката од окото не е црвена туку повеќе изгледа како да имаат црвена сенка околу очите“ – објаснила Челси.


Американската офтамолошка академија испратила предупредување до своите членови дека постојат извештаи дека Ковид-19 може да предизвика и конјуктивитис поради што се појавува црвенило околу очите, пренесуваат од Си-ен-ен.

Исто така тие соопштиле дека луѓето треба да ги заштитат своите усти, носот и очите...

Конјуктивитисот не е на листата на симптоми кои што ги објави Центарот за контрола и превенција на болести. Како главни симптоми, како што знаеме се наведуваат зголемена телесна температура, константна и сува кашлица и недостаток на кислород во телото, но очигледно дека листата не е целосна.


Челси вели дека покрај наведените сигнали кои што ги имале пациентите, за неа и за нејзините колеги во старечкиот дом и според признанијата на докторите од болниците, црвените очи претставуваат знак дека личноста е заразена од коронавирусот.

„Имавме пациенти кои имаа црвени очи и тоа беше единствениот симптом кој што го забележавме. Сместени беа во болница, а потоа набрзо починаа“ – изјавила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг