‘Злобен гениј’ застана на патот на коронавирусот – канадски доктор демонстрирал респиратор кој лечи 9 пациенти одеднаш...

Точка

25/03/2020

15:30

11.430

Големина на фонт

а а а

Додека болниците низ светот се подготвуваат да обезбедат што повеќе респираторни машини, некои доктори стануваат креативни за да им помогнат на своите пациенти. Таков е случајот со канадскиот доктор Алејин Гутијер, анестезиолог од болницата „Перт енд Смитс“ во Онтаиро.

Направи сам

Овој доктор кој што докторирал респираторна механика, еден болнички респиратор претворил во машина која што може да им служи на девет пациенти кои што се во критична состојба со паролата “направи сам“. Процесот бил толку многу добар што некои од колегите овој доктор го нарекле “злобен гениј“.

Гутијер бил инспириран од Јутјуб видео снимки кои ги направиле доктори од Детроит во 2006-та година. Изјавил дека создал сложен респиратор кој на луѓето ќе им пружи најдобра шанса за преживување.

„Во еден момент можеби нема да имаме друга можност“ – изјавил Гујитер за „SBS News“.

„Опцијата би можела да биде добра. Станува збор за тоа дека ќе мора да бираме или да им дозволуваме на луѓето да умираат или пак да им дадеме можност да преживеат“.

Респираторот за девет луѓе сега е на насловните страни ширум светот откако колегата на канадскиот доктор фотографијата ја објавил на социјалната мрежа Твитер.

„Така нашиот “злобен гениј“ за десет минути го зголеми капацитетот на нашата болница од еден на девет пациенти“ – напишал тој.

Твитот добил над 71.000 лајкови и бил споделен над 16.000 пати.

Очигледно дека и Маск бил импресиониран од докторот затоа што искоментирал дека станува збор за навистина интересна идеја.

Маск напишал:

„Еден компјутер, пумпа и акумулатор за притисок би биле во ред за многу пациенти“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг