Полска со одлично решение – доколку не испратиш селфи фотографија, полицијата е на врата, доколку излезеш од карантин...

Супермен

26/03/2020

13:48

4.062

Големина на фонт

а а а

Апликацијата користи услуга од мобилните телефони за лоцирање и препознавање лице, а на корисниците им испраќа и ненајавени СМС пораки на кои мора да одговорат.

Полска лансираше апликација која што ќе ѝ помогне на полицијата да дознае дали луѓето се во изолација, оние кои што дошле од странство, дали не ја кршат забраната за излегување од дома – целта е спречување на ширење на коронавирусот.

Владта во Варшава ги засилила мерките за запирање на ширењето на епидемијата на коронавирусот од кој што во Полска до 24-ти март има 774 заразени луѓе и 9 смртни случаи.

Секој граѓанин кој што се вратил од странство мора да биде дома во карантин две седмици и должен е да одговара на повиците од полицијата или пак да ја преземе апликацијата, објавило полското министерство на својата веб страница, пренесуваат од „Индикатор“.


Апликацијата „Kwarantanna domowa“ користи услуги од мобилните телефони за лоцирање и препознавање на лице, а на корисниците им испраќа ненајавени барања за правење селфи фотографии на кои што мора да одговорат во рок од 20 минути или самата апликација ги пријавува во полиција.

Министерството на корисниците им дало дополнителни упатства за да утврди дека нивните телефони се наполнети и дека ги проверуваат своите СМС пораки.

Полјаците кои што ја кршат оваа наредба се соочуваат со кривични кази до 6.000 евра...



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk