Актерката во филмовите за возрасни, Лола Таилор, ветила дека ќе спие со тој кој што ќе пронајде лек за коронавирус, пренесуваат од „Спутник“.
Лола, чие вистинско име е Лове Бушуева, моментално се наоѓа во карантин во Москва, а бидејќи изолацијата не е лесна, одлучила малку да ги мотивира научниците и изјавила дека ќе има сексуален однос со оној кој што ќе ја открие вакцината против коронавирусот.
Во видеото кое што го споделила со руските медиуми, изјавила дека е изморена од седење дома и дека не прави ништо.
„Таква е ситуацијата, во карантин сум дома. Подготвена сум да спијам со оној кој што ќе направи вакцина за коронавирусот. Луѓето патат. Сè е тешко. Не можам да ја напуштам својата куќа. Накратко, ќе спијам со некој поради повисоки цели“ – изјавила Лола.