Еве како правилно да го исчистите и дезинфицирате ентериерот на автомобилот

Супермен

26/03/2020

15:40

1.891

Големина на фонт

а а а

Пандемијата на коронавирусот натера многумина посериозно да размислат за хигиената и чистењето на просториите во кои престојуваат. Но, и кабината на автомобилот не е исклучок...

Веќе нѝ е добро познат фактот дека воланот е 4 пати повалкан од ВЦ даската во јавен тоалет, а студиите покажуваат дека рачката од пумпата за танкирање е една од највалканите површини во јавна употреба – 12.000 пати повалкана од претходно споменатата ВЦ даска. 

Меѓутоа, сега е сеопшта темата за коронавирусот, па така се поставува прашањето како можеме да го дезинфицираме ентериерот на автомобилот. Класичните хемикалии тука по правило не проаѓаат, освен ако сте спремни да ја уништите површината на поединечни делови од кабината како навлаките на седиштата. Исто така, бришејќи ја пластиката на арматурата ризикувате трајно да ја оштетите бојата со појава на бројни дамки и дисколорации.


Лери Косила од “Ammo NYC”, специјалист за детално чистење на автомобилот, преку видеоматеријал одлучил со јавноста да сподели неколку трикови за брзо и ефикасно чистење на највалканите површини во автомобилот. Логично, најважно е да ги исчистите површините кои најчесто ги допираме, а тоа се воланот, рачката од менувачот, рачките од вратите, копчињата и појасите.

По класичното чистење со специјални средства, се препорачува користење на средства за дезинфекција, но со претходно тестирање на помали површини.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk