Германија презема најмалку 47 пациенти од Италија

Макфакс

26/03/2020

22:00

2.584

Големина на фонт

а а а

„Во оваа криза стоиме заедно со нашите италијански пријатели. На ваква закана можеме да ѝ се спротивставиме само заедно“, рече Маас.

Во пресрет на очекуваниот пораст на локално пренесени инфекции, на кои се подготвуваат германските власти, првата група од шестмина италијански пациенти пристигна во вторникот на аеродромот „Лајпциг“ во источна Саксонија. 

Северна Рајна-Вестфалија во западна Германија исто така објави дека ќе преземе 10 италијански пациенти во наредните денови.

Од средата во Германија се заразени 36.508 лица, а 189 починале, објави Институтот „Роберт Кох“.

Во Италија денеска беа регистрирани нови 662 смртни случаја, со што бројот на починати се зголеми на вкупно 8.165.

Во средата во Италија починаа 683 лица, 743 во вторникот, а 602 во понеделникот. Во неделата беа регистрирани 650 жртви, а рекорден број смртни случаи беше забележан во саботата кога само за 24 часа починаа 793 луѓе, што е најголема бројка од избувнувањето на пандемијата во таа земја на 21 февруари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг