Водечкиот германски виролог: Знаете ли зошто имаме толку мала смртност? Едноставно, правиме половина милион тестови неделно

Точка

27/03/2020

11:03

22.202

Големина на фонт

а а а

Германија врши околу 500 илјади тестови на коронавирус неделно, изјави водечкиот германски виролог објаснувајќи ја ниската стапка на смртност од Ковид-19 во земјата во споредба со другите држави.

Иако Германија според последните податоци има над 43 илјади заразени со коронавирусот, досега починаа 260, односно далеку помалку од останатите земји во Европа и светот каде се прошири пандемијата.

„Причината зошто ние во Германија имаме така мал број на смртни случаи во однос на бројот на заразените е поради фактот што обработуваме голема количина на лабораториски тестови“, изјави Кристијан Дростен, главен виролог во берлинската болница Карите.

„Сепак, сето тоа се уште е затишје пред бура“, изјави германскиот министер за здравство, Јенс Спан во Берлин.


Спан потврди дека германските капацитети за тестирање се над другите земји, но исто така напомена дека тестовите треба селективно да се користат.

Како што предупреди министерот за здравство на Германија, покрај тестирањата, се уште е важно да се сопре ширењето на коронавирусот со социјално дистанцирање, додека болниците истовремено ги зголемуваат своите капацитети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг