Популарниот ММА борач претепал човек на улица, па сè објавил на Инстаграм: „Можев да го претепам до смрт“

Супермен

27/03/2020

12:55

6.299

Големина на фонт

а а а

Има многу бунтовници во светот на ММА спортот, а меѓу нив е и Мајк Пери. Членот на УФЦ организацијата претепал човек на улица, а снимката набрзо се проширила по социјалните мрежи.

Една од главните вести во светот, односно во САД е тоа што познатиот ММА борач претепал човек на улица, а сега за него ќе следат сериозни санкции во УФЦ, затоа што ваков потег на еден борач воопшто не му се допаднал на Дени Вајт.

Сè се одиграло на улиците на Лас Вегас, а снимката настанала претходно, пред пандемијата коронавирус...

„Прво тој ме удри мене. Што мислите зошто луѓето почнаа да снимаат? Се обидував да се одбранам, но потоа почна тепачката. Кога се свртев околу девојката тој почна да ме прогонува. Не сакаше да престане, па одлучив да ја завршам приказната. Му се фрлив одма, уште пред да го тргне погледот. Можев да го претепам до смрт, но се оддалечив и чекав полиција“.

Познатиот ММА борач потоа имал порака до сите оние кои што се обидуваат да ја нарушат неговата приватност:

„Сите кои мислите дека нешто сте направиле за мене, верувајте ми дека ќе се изгорите доколку си играте со оган. Доколку ја почитувате мојата приватност, сè може да се реши со разговор. Го делам својот живот со вас, но доколку почнете да го ставате носот таму каде што не ви е местото, тогаш вашите синови, ќерки, сопруги, татковци, мајки, браќа, сестри, би можеле да го почувствуваат ударот на професионалец. Во ред е кога мене некој ќе ме удри, но не е во ред кога јас ќе вратам“ – изјавил тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk